Дома  I    Мапа  I    Контакт  I    Огласна Табла    


   
 
 
 
Погледнете ја статистиката за работењето на судот за актуелната година ...
 
 
 
 
Одлуки на Апелациониот Суд Битола

15.03.2012   3299-11


ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

АПЕЛАЦИОНИОТ СУД ВО БИТОЛА, во совет составен од судиите: Соња Спасеновска - претседател, Александар Филипов и Меџит Шазимани - членови, во правната работа на тужителот ЈКП „Комуналец“ П., против тужената Виолета Попоска од П., за долг, вредност 2.065,00 ден., одлучувајќи по жалбата на тужителот, против пресудата на Основниот суд Прилеп ПЛ-1-809/10 од 07.07.2011 година, на седницата одржана на ден 15.03.2012г. донесе


    П Р Е С У Д А

  Жалбата на тужителот, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА.

  Пресудата на Основниот суд Прилеп ПЛ-1-809/11 од 07.07.2011 година, СЕ ПОТВРДУВА.

     О б р а з л о ж е н и е

 Со обжалената пресуда,  усвоен е  приговорот на тужената Виолета Попоска. Издадениот платен налог Пл.бр.11135/10 од 19.10.2010г. на Основениот суд Прилеп, се укинува и се става вон сила. Делумно р усвормп барањрто на тужената за надомест на трошоци во постапката и задолежен е тужителот на име трошоци во постапката и исплати на тужената сума од 7.260,00ден., во рок од 8 дена по приемот од пресудата. Поголемото барање за надомест на предјавените трошоци до износот од 7.520,00ден., а над досудените, одбиено е како неосновано.

 Против вака донесената пресуда во законски определениот рок жалба вложи тужителот, со која ја побива обжалената пресуда поради погрешно и нецелосно утврдена фактичка состојба и погрешна примена на материјалното право, со предлог, жалбата да се уважи, а обжалента пресуда укине и предметот врати на првостепениот суд на повторно одлучување.

 Примерок од изјавената жалба од тужителот, доставен е до полномошникот на тужената, меѓутоа не е поднесен одговор на жалба.

 Апелациониот суд во Битола, во границите на своите овластувања, согласно чл.354 од ЗПП, ги разгледа списите по предметот, ја испита обжалената пресуда, како и жалбата и жалбените наводи, и по оцена на истите најде дека:

 Жалбата не е основана.

 Неосновани се жалбените наводи на тужителот по сите основи, бидејќи по испитувањето на обжалената пресуда,  Овој суд наоѓа дека првостепениот суд правилно и целосно ја утврдил фактичката состојба и правилно го применил материјалното право во конкретниот случај кога  најде дека, приговорот на тужената е основан и одлучи на начин како во изреката на обжалената пресуда.

 Имено, првостепениот суд од изведените докази во фактичката положба утврдил дека, тужената е сопственик на куќа на у..„Л.“ бр.. во П. и на стан во Населба „Т.“. згр.. стан бр... Во текот на викендите кога доаѓала тужената во П., бидејќи истата работела надвор од П.,  живеела  кај својата сестра, а не во станот во Наслеба Т., што значи дека не ги користела услугите на тужителот, поради што истата и писмено го известила тужителот кое писмено барање е заведено кај тужителот под бр.03-9667 од 25.03.2008г., да биде ослободена од плаќањето на комуналии по однос на станот во кој не живеел никој. Понатаму, првостепениот суд утврдил дека тужителот не му одговорил на тужената по однос на поднесеното барање од нејзина страна, туку продолжил и понатаму да му доставува сметки за комунални услуги за предметниот стан во Населбата Т., па согласно книговодствената картица која се водела на име на тужената, констатирал дека истата има створено долг кон тужителот во вкупен износ од 2.065,00ден., а кој се однесувал за период од 6-ти месец 2009г. па заклучно со 6-ти месец 2010г.  Тужената повремено кога идела на викенд одела во предметниот стан накратко по 1-2 часа, а се со цел да го проветри станот и да види дали е се во ред, но веднаш потоа си заминувала од станот и во тој период додека престојувала не стварала и не изнесувала комунален смет, затоа што истата нити го користела, нити живеела во тој стан, поради што и не ги подмирувала сметките за комунални услуги кои ги доставувал тужителот.

 Првостепениот суд од исказот на сведокот Виктор Галески утврдил дека, вработените инкасатори кај тужителот, после неколку извршени контроли од нивна страна во станот на тужената, утврдиле дека во истиот не се наоѓал никој, додека тужената никогаш ја немале затекнато во станот и не ја познавале истата, а последната контрола од нивна страна била извршена во периодот од август и септември месец 2010г., но и тогаш не нашле никој во станот на тужената.

  На вака правилно и целосно утврдена фактичка состојба, која се темели исклучиво на изведените докази, првостепениот суд  правилно го применил и материјалното право кога не наоѓа примена на одредбата од чл.251 ст.1 од ЗОО.

 По оцена и мислење на Овој суд, првостепениот суд правилно постапил и одлучил  кога заклучил дека, е неосновано тужбеното барање на тужителот од причини што услугата за комунална дејност се наплаќа само доколку странката истата ја користи. Во конкретниот случај како што заклучил и првостепениот суд, со самиот факт што тужената не создавала комунален отпад од своето домаќинство, а притоа благовремено го известила за тоа тужителот, првостепениот суд со право го усвоил приговорот на тужената, поради што го укина платниот налог и истиот го ставил вон сила и го одбил тужбеното барање како неосновано.

 Првостепениот суд правилно ја донесе и одлуката за трошоците на постапката бидејќи, Овој суд по испитувањето на истата наоѓа дека, досудените трошоци претставуваат реални и нужни трошоци и истите и по основ и по висина се во рамките на дозволеното согласно вредноста на спорот, АТ и Законот за судски такси.

 Поради горе утврдените причини и факти, а бидејќи не стојат причините и приговорите на кои Овој суд внимава по службена должност, следуваше да се одлучи на начин како во изреката на  оваа пресуда, согласно чл.357 од ЗПП.

 


        Претседател на совет-судија,
МШ/ТБ      Соња Спасеновска с.р.

 


Назад