Дома  I    Мапа  I    Контакт  I    Огласна Табла    


   
 
 
 
Погледнете ја статистиката за работењето на судот за актуелната година ...
 
 
Одлуки на Апелациониот Суд Битола

26.04.2010   tsz1262/09
 
ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

АПЕЛАЦИОНИОТ СУД ВО БИТОЛА, во совет составен од судиите: Петре Србиновски - претседател, Љубе Стојановски и Татјана Сусулеска - членови, во правната работа на тужителот Н. г. за о. АД о.п. С., против тужениот М.Т. ДООЕЛ Р. за долг, решавајќи по жалбата на тужениот против пресудата поради неподнесување одговор на тужба ТС.Малв.бр.141/09 од 09.09.2009год., на Основниот суд Битола, на седницата одржана на ден 26.04.2010 година, донесе:


П Р Е С У Д А


Жалбата на тужениот СЕ ОДБИВА како неоснована.

Пресудата поради неподнесување одговор на тужба ТС.Малв.бр.141/09 од 09.09.2009год., на Основниот суд Битола, СЕ ПОТВРДУВА.


О б р а з л о ж е н и е


Со обжалената пресуда на Основниот суд Битола, уважено е тужбеното барање на тужителот и е задолжен тужениот да му плати на име нецелосно платена премија износ од 27.500,00ден., со ЗЗК од 11.04.2008год., до исплатата, како и да му ги надомести парничните трошоци во износ од 3.000,00ден.

Незадоволен од ваквата пресуда тужениот во благовремен рок поднесе жалба со која ја напаѓа пресудата по сите причини предвидени во чл.342 од ЗПП со предлог, жалбата да се уважи, а пресудата преиначи на начин што ќе се одбие тужбеното барање.

Овој суд, решавајќи по жалбата, ги разгледа списите во предметот, па по оцена на истите, испитувајќи ја пресудата во границите на овластувањата од чл.354 од ЗПП, најде:

Жалбата е неоснована.

Од изведените докази првостепениот суд утврдил дека помеѓу тужителот и тужениот биле склучувани договори за осигурување од автомобилска одговорност и договори за осигурување по зелен картон и кои договори биле потпишани и заверени од двете страни. Тужителот врз основа на склучените договори согласно ЗОО го сносел ризикот за евентуален штетен настан за периодот наведен во полисата за осигурување од 11.04.2008год. Бидејќи тужениот благовремено не ја исполнил својата обврска спрема тужителот во висина на утужениот износ, тужителот го заведе овој спор.

Првостепениот суд постапувајќи по тужбата истата му ја достави до тужениот со покана да достави одговор на тужба, со предупредување на последиците од недоставување одговор на тужба. Бидејќи тужениот во законскиот рок не поднесе одговор на тужба, првостепениот суд донесе пресуда поради неподнесување на одговор на тужба и му го уважи тужбеното барање на тужителот, согласно чл.319 ст.1 од ЗПП.

Жалбените наводи на тужениот дека не го должел утужениот износ бидејќи го имал платено претходно пред поднесувањето на тужбата, така да не постои обврска од негова страна за плаќање на долгот, Овој суд го имаше во предвид, но истиот не го прифати од причини што согласно чл.341 од ЗПП во жалбата не можат да се изнесуваат нови факти ниту да се предлагаат нови докази, освен ако се однесуваат на суштествени повреди на одредбите од парничната постапка поради кои може да се изјави жалба. Имено, тужениот имаше право да поднесе одговор на тужба или да се впушти во расправа со присуство на закажаното рочиште, при што ќе докажеше дека долгот го платил према тужителот. Бидејќи истиот така не постапи, правилно првостепениот суд донесе пресуда со која му го уважи тужбеното барање поради неподнесување одговор на тужба, а која основаност произлегува од фактите наведени во тужбата како и од приложените докази во поткрепа на наводите и фактите од тужбата.

Од друга страна иако доставницата за покана на одговор на тужба не е потпишана од страна на тужениот, со самиот факт што во жалбата тужениот не истакнува ваков жалбен навод за сторена суштествена повреда на одредбите од чл.343 ст.2 т.7 од ЗПП, а ваквата повреда не преставува апсолутна суштествена повреда на одредбите од ЗПП на која судот внимава по службена должност, Овој суд жалбата на тужителот ја одби како неоснована, а пресудата потврди согласно чл.357 од ЗПП.


ВК/ВМ Претседател на советот-судија,
Петре Србиновски с.р.

Назад