Дома  I    Мапа  I    Контакт  I    Огласна Табла    


   
 
 
 
Погледнете ја статистиката за работењето на судот за актуелната година ...
 
 
Одлуки на Апелациониот Суд Битола

26.04.2010   tsz1396/09
 
ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА


АПЕЛАЦИОНИОТ СУД ВО БИТОЛА, во совет составен од судиите: Петре Србиновски- претседател на советот, Љубе Стојановски и Фани Илиевска - членови на советот, во правната работа на тужителот Фонд... на РМ од С. против тужениот „П. В.“ ДТПТУ Н. Љ. увоз - извоз ДООЕЛ О. за долг, вредност 71.595,00 денари, решавајќи по жалбата на тужениот, против пресудата на Основниот суд Охрид Мал.в.ТС.бр.444/08 од 21.04.2009 година, на седницата одржана на ден 26.04.2010 година донесе:



П Р Е С У Д А

I

Жалбата на тужениот, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА.

Пресудата на Основниот суд Охрид Мал.в.ТС.бр.444/08 од 21.04.2009 година, освен во делот за досудената камата на главниот долг, СЕ ПОТВРДУВА.
II

Жалбата на тужениот, СЕ УСВОЈУВА.

Пресудата на Основниот суд Охрид Мал.в.ТС.бр.444/08 од 21.04.2009 година, во ст.2 од изреката во делот за досудената камата на главниот долг во износ од 71.595,00 денари СЕ ПРЕИНАЧУВА и СЕ ПРЕСУДУВА:

СЕ ЗАДОЛЖУВА тужениот „П.В.“ ДТПТУ Н. Љ. увоз - извоз ДООЕЛ О. да му исплати на тужителот Ф... на РМ од С. камата на главниот долг, на поодделните месечни износи и тоа:

- За неплатен придонес за месец 06.2003 година, износ од 556,00 денари со камата во висина од 0,05 % за секој ден задоцнување сметано од 01.09.2003 година до 23.07.2008 година, а од 24.07.2008 година до исплатата, камата во висина од 0,03% за секој ден задоцнување;
- За неплатен придонес за месец 07.2003 година, износ од 1.539,00 денари со камата во висина од 0,05 % за секој ден задоцнување сметано од 01.10.2003 година до 23.07.2008 година , а од 24.07.2008 година до исплатата, камата во висина од 0,03% за секој ден задоцнување;
- За неплатен придонес за месец 08.2003 година, износ од 1.134,00 денари со камата во висина од 0,05 % за секој ден задоцнување сметано од 01.11.2003 година до 23.07.2008 година, а од 24.07.2008 година до исплатата, камата во висина од 0,03% за секој ден задоцнување;
- За неплатен придонес за месец 09.2003 година, износ од 195,00 денари со камата во висина од 0,05 % за секој ден задоцнување сметано од 01.12.2003 година до 23.07.2008 година, а од 24.07.2008 година до исплатата, камата во висина од 0,03% за секој ден задоцнување ;
- За неплатен придонес за месец 10.2003 година, износ од 200,00 денари со камата во висина од 0,05 % за секој ден задоцнување сметано од 01.01.2004 година до 23.07.2008 година, а од 24.07.2008 година до исплатата, камата во висина од 0,03% за секој ден задоцнување;
- За неплатен придонес за месец 11.2003 година, износ од 1.028,00 денари со камата во висина од 0,05 % за секој ден задоцнување сметано од 01.02.2004 година до 23.07.2008 година, а од 24.07.2008 година до исплатата, камата во висина од 0,03% за секој ден задоцнување;
- За неплатен придонес за месец 12.2003 година, износ од 1.034,00 денари со камата во висина од 0,05 % за секој ден задоцнување сметано од 01.03.2004 година до 23.07.2008 година, а од 24.07.2008 година до исплатата, камата во висина од 0,03% за секој ден задоцнување;
-За неплатен придонес за месец 03.2004 година, износ од 5.098,00 денари со камата во висина од 0,05 % за секој ден задоцнување сметано од 01.06.2004 година до 23.07.2008 година, а од 24.07.2008 година до исплатата, камата во висина од 0,03% за секој ден задоцнување;
-За неплатен придонес за месец 04.2004 година, износ од 4.845,00 денари со камата во висина од 0,05 % за секој ден задоцнување сметано од 01.07.2004 година до 23.07.2008 година, а од 24.07.2008 година до исплатата, камата во висина од 0,03% за секој ден задоцнување;
-За неплатен придонес за месец 05.2004 година, износ од 4.914,00 денари со камата во висина од 0,05 % за секој ден задоцнување сметано од 01.08.2004 година до 23.07.2008 година, а од 24.07.2008 година до исплатата, камата во висина од 0,03% за секој ден задоцнување;
-За неплатен придонес за месец 09.2004 година, износ од 201,00 денар со камата во висина од 0,05 % за секој ден задоцнување сметано од 01.12.2004 година до 23.07.2008 година, а од 24.07.2008 година до исплатата, камата во висина од 0,03% за секој ден задоцнување;
-За неплатен придонес за месец 10.2004 година, износ од 195,00 денари со камата во висина од 0,05 % за секој ден задоцнување сметано од 01.01.2005 година до 23.07.2008 година, а од 24.07.2008 година до исплатата, камата во висина од 0,03% за секој ден задоцнување;
-За неплатен придонес за месец 11.2004 година, износ од 183,00 денари со камата во висина од 0,05 % за секој ден задоцнување сметано од 01.02.2005 година до 23.07.2008 година, а од 24.07.2008 година до исплатата, камата во висина од 0,03% за секој ден задоцнување;
-За неплатен придонес за месец 02.2005 година, износ од 2.589,00 денари со камата во висина од 0,05 % за секој ден задоцнување сметано од 01.05.2005 година до 23.07.2008 година, а од 24.07.2008 година до исплатата, камата во висина од 0,03% за секој ден задоцнување;
-За неплатен придонес за месец 03.2005 година, износ од 2.561,00 денари со камата во висина од 0,05 % за секој ден задоцнување сметано од 01.06.2005 година до 23.07.2008 година, а од 24.07.2008 година до исплатата, камата во висина од 0,03% за секој ден задоцнување;
-За неплатен придонес за месец 04.2005 година, износ од 2. 286,00 денари со камата во висина од 0,05 % за секој ден задоцнување сметано од 01.07.2005 година до 23.07.2008 година, а од 24.07.2008 година до исплатата, камата во висина од 0,03% за секој ден задоцнување;
-За неплатен придонес за месец 05.2005 година, износ од 2.576,00 денари со камата во висина од 0,05 % за секој ден задоцнување сметано од 01.08.2005 година до 23.07.2008 година, а од 24.07.2008 година до исплатата, камата во висина од 0,03% за секој ден задоцнување;
-За неплатен придонес за месец 06.2005 година, износ од 2.469,00 денари со камата во висина од 0,05 % за секој ден задоцнување сметано од 01.09.2005 година до 23.07.2008 година, а од 24.07.2008 година до исплатата, камата во висина од 0,03% за секој ден задоцнување;
-За неплатен придонес за месец 07.2005 година, износ од 2.690,00 денари со камата во висина од 0,05 % за секој ден задоцнување сметано од 01.10.2005 година до 23.07.2008 година, а од 24.07.2008 година до исплатата, камата во висина од 0,03% за секој ден задоцнување , на сите поединечни износи во рок од 8 дена од приемот на пресудата;
-За неплатен придонес за месец 08.2005 година, износ од 2.615,00 денари со камата во висина од 0,05 % за секој ден задоцнување сметано од 01.11.2005 година до 23.07.2008 година, а од 24.07.2008 година до исплатата, камата во висина од 0,03% за секој ден задоцнување , на сите поединечни износи во рок од 8 дена од приемот на пресудата;
-За неплатен придонес за месец 09.2005 година, износ од 2.490,00 денари со камата во висина од 0,05 % за секој ден задоцнување сметано од 01.12.2005 година до 23.07.2008 година, а од 24.07.2008 година до исплатата, камата во висина од 0,03% за секој ден задоцнување , на сите поединечни износи во рок од 8 дена од приемот на пресудата;
-За неплатен придонес за месец 10.2005 година, износ од 2.629,00 денари со камата во висина од 0,05 % за секој ден задоцнување сметано од 01.01.2006 година до 23.07.2008 година, а од 24.07.2008 година до исплатата, камата во висина од 0,03% за секој ден задоцнување , на сите поединечни износи во рок од 8 дена од приемот на пресудата;
-За неплатен придонес за месец 11.2005 година, износ од 2.590,00 денари со камата во висина од 0,05 % за секој ден задоцнување сметано од 01.02.2006 година до 23.07.2008 година, а од 24.07.2008 година до исплатата, камата во висина од 0,03% за секој ден задоцнување , на сите поединечни износи во рок од 8 дена од приемот на пресудата;
-За неплатен придонес за месец 12.2005 година, износ од 2.454,00 денари со камата во висина од 0,05 % за секој ден задоцнување сметано од 01.03.2006 година до 23.07.2008 година, а од 24.07.2008 година до исплатата, камата во висина од 0,03% за секој ден задоцнување , на сите поединечни износи во рок од 8 дена од приемот на пресудата;
-За неплатен придонес за месец 01.2006 година, износ од 2.449,00 денари со камата во висина од 0,05 % за секој ден задоцнување сметано од 01.04.2006 година до 23.07.2008 година, а од 24.07.2008 година до исплатата, камата во висина од 0,03% за секој ден задоцнување , на сите поединечни износи во рок од 8 дена од приемот на пресудата;
-За неплатен придонес за месец 02.2006 година, износ од 2.433,00 денари со камата во висина од 0,05 % за секој ден задоцнување сметано од 01.05.2006 година до 23.07.2008 година, а од 24.07.2008 година до исплатата, камата во висина од 0,03% за секој ден задоцнување , на сите поединечни износи во рок од 8 дена од приемот на пресудата;
-За неплатен придонес за месец 03.2006 година, износ од 2.537,00 денари со камата во висина од 0,05 % за секој ден задоцнување сметано од 01.06.2006 година до 23.07.2008 година, а од 24.07.2008 година до исплатата, камата во висина од 0,03% за секој ден задоцнување , на сите поединечни износи во рок од 8 дена од приемот на пресудата;
-За неплатен придонес за месец 04.2006 година, износ од 2.322,00 денари со камата во висина од 0,05 % за секој ден задоцнување сметано од 01.07.2006 година до 23.07.2008 година, а од 24.07.2008 година до исплатата, камата во висина од 0,03% за секој ден задоцнување , на сите поединечни износи во рок од 8 дена од приемот на пресудата;
-За неплатен придонес за месец 05.2006 година, износ од 2.562,00 денари со камата во висина од 0,05 % за секој ден задоцнување сметано од 01.08.2006 година до 23.07.2008 година, а од 24.07.2008 година до исплатата, камата во висина од 0,03% за секој ден задоцнување , на сите поединечни износи во рок од 8 дена од приемот на пресудата;
-За неплатен придонес за месец 06.2006 година, износ од 2.546,00 денари со камата во висина од 0,05 % за секој ден задоцнување сметано од 01.09.2006 година до 23.07.2008 година, а од 24.07.2008 година до исплатата, камата во висина од 0,03% за секој ден задоцнување , на сите поединечни износи во рок од 8 дена од приемот на пресудата;
-За неплатен придонес за месец 07.2006 година, износ од 2.628,00 денари со камата во висина од 0,05 % за секој ден задоцнување сметано од 01.10.2006 година до 23.07.2008 година, а од 24.07.2008 година до исплатата, камата во висина од 0,03% за секој ден задоцнување , на сите поединечни износи во рок од 8 дена од приемот на пресудата;
-За неплатен придонес за месец 08.2006 година, износ од 2.562,00 денари со камата во висина од 0,05 % за секој ден задоцнување сметано од 01.11.2006 година до 23.07.2008 година, а од 24.07.2008 година до исплатата, камата во висина од 0,03% за секој ден задоцнување , на сите поединечни износи во рок од 8 дена од приемот на пресудата и
-За неплатен придонес за месец 09.2006 година, износ од 2.468,00 денари со камата во висина од 0,05 % за секој ден задоцнување сметано од 01.12.2006 година до 23.07.2008 година, а од 24.07.2008 година до исплатата, камата во висина од 0,03% за секој ден задоцнување , на сите поединечни износи во рок од 8 дена од приемот на пресудата.

Поголемото барање на тужителот со кое бараше да се задолжи тужениот да му плати камата на секој поединечен месечен износ неплатен придонес во висина од 0,05% за секој ден закаснување, за периодот од 24.07.2008 година до исплатата, над досудениот износ на камата, СЕ ОДБИВА како неосновано.


О б р а з л о ж е н и е


Со побиваната пресуда, уважено е тужбеното барање на тужителот Фонд... на РМ С. против тужениот. Тужениот е задолжен да му плати на тужителот износ од 71.595,00 денари, со ЗЗК на пооделните износи и тоа како што е прецизно наведено во изреката на побиваната пресуда, се во рок од 8 дена по приемот на пресудата, како барање на закон основано. Тужениот е задолжен да му исплати на тужителот на име трошоци во постапката вкупен износ од 13.886,00 денари, а барањето за трошоци над досудениот, а до бараниот износ е одбиено како неосовано.

Незадоволен од ваквата пресуда, тужениот во законски рок поднесе навремена жалба, со која ја побива пресудата поради суштествени повреди на одредбите од чл.343 ст.2 т.7 и т.13 од ЗПП. Предлага второстепениот суд да ја уважи жалбата, пресудата да ја укине и предметот да го врати на повторно одлучување пред првостепениот суд.
Овој суд, решавајќи по жалбата, ја испита побиваната пресуда во границите на овластувањата од чл.354 од ЗПП, па по оценка на жалбата, жалбените наводи и предлози, како и останатите списи во предметот, одлучи како во изреката од следните причини:

Тужениот ја побива пресудата поради суштествени повреди на одредбите на парничната постапка од чл.343 ст.2 т.13 од ЗПП, меѓутоа ваквите жалбени наводи се неосновани од причина што пресудата нема недостатоци поради кои не може да се испита, изреката на пресудата освен во делот за досудената камата е разбирлива, не противречи сама на себе си и на причините за пресудата, а во пресудата се наведени јасни причини за решителните факти.

Од изведените докази, првостепениот суд утврдил дека тужителот како институција со јавно овластување имал должност да прибира и наплатува придонеси за задолжително здравствено осигурување како законска обврска согласно чл.38 од Законот за задолжително здравствено осигурување. Согласно чл.49 од истиот закон, тужителот бил овластен да врши контрола на пресметувањето и уплатувањето на придонесот за сите обврзници вклучувајќи го и тужениот. По извршената контрола на 13.12.2007 година кај тужениот со записник било утврдено дека тужениот имал неплатен придонес за задолжително здравствено осигурување за спорниот период во вкупен износ од 71.595,00 денари. Бидејќи тужениот не го имал платено овој износ, тужителот го заведе овој спор.

Од вака утврдената фактичка состојба првостепениот суд му го уважи тужбеното барање на тужителот, повикувајќи се притоа на одредбите од чл.38, 48 и 52 од Законот за задолжително здравствено осигурување.

Неосновани се жалбените наводи на тужениот дека од страна на првостепениот суд сторени се суштествени повреди на одредбите од чл.343 ст.2 т.7 од ЗПП, бидејќи на тужениот со неуредна достава не му била дадена можност за расправа пред судот.

Видно од вратената доставница за покана на расправата за 21.04.2009 година, истата е потпишана од лицето Н. Р. и примена на адресата на тужениот наведена во тужбата. Потоа со писмено известие кое му е оставено на 12.03.2009 година беше известен од страна на судот дека поканата ќе му биде доставена во неговите простории на 13.03.2009 година и истата повторно беше примена од лицето Н. Р. Бидејќи поканата за расправа и тужба е доставена на адресата која што е наведена и во Централниот регистер на тужениот и истата е потпишана од лице на таа адреса, овој суд смета дека доставата е извршена уредно, меѓутоа тужениот не се јави на расправата, а ниту го оправда својот изостанок.

Второстепениот суд по однос на наводите за неправилно утврдена фактичка состојба посебно образложение за нивната основаност, односно неоснованост нема да даде, бидејќи се работа за спор од мала вредност. Имено, тужбеното барање не го надминува износот од 300.000,оо денари. Согласно чл.438 од ЗПП пресудата или решението со кое се завршува спорот во постапката во споровите од мала вредност може да се побива само поради суштествени повреди на одредбите на парничната постапка и поради погрешна примена на материјалното право.

Првостепениот суд правилно го применил материјалното право, освен во поглед на каматата, кога го задолжи тужениот да го плати главниот долг. Согласно чл.38 од Законот за задолжително здравствено осигурување работодавачот е должен да го пресметува, задржува и уплатува придонесот за здравствено осигурување во законски рок без разлика дали е исплатена плата, надомест на плата, пензија или друг паричен надоместок согласно со закон.

Од ова произлегува дека ваквата обврска на тужениот произлегува од одредбите од чл.38 од Законот за задолжително здравствено осигурување според кој правните лица се должни за осигурениците вработени кај нив да го пресметуваат, задржуваат и уплатуваат придонесот на задолжително здравствено осигурување.

Поради ова, а согласно чл.357 од ЗПП, се одлучи како под I од изреката.

Првостепениот суд погрешно го применил материјалното право во поглед на досудената камата, поради што Овој суд во делот за досудената камата ја усвои жалбата и ја преиначи пресудата , досудувајќи камата како во изреката на пресудата од следните причини:

Точно е дека основаноста на досудената камата произлегува од чл.48 од Законот за здравствено осигурување , која одредба упатува на Законот за наплата на персонален данок на доход, кој пак упатува на Законот за даночна постапка (Сл. весник на РМ бр.13/2006) каде во чл. 123 стои дека на износот на помалку или повеќе исплатениот данок и споредните даночни давачки се пресметува и наплатува камата во висина од 0,05% за секој ден закаснување. Меѓутоа со Законот за измени и дополнување на Законот за даночна постапка од 16.07.2008 година (Сл.весник на РМ бр.88/08) изменет е членот 123 и процентот од „0,05 %“ се заменува со процент „0,03 %“. Поради ова, овој суд во делот на камата ја преиначи пресудата и досуди камата на поедничните износи во висина од 0,05 % за секој ден задоцнување до 23.07.2008 година, а од стапувањето во сила на Законот за измени и дополнување на Законот за даночна постапка (Сл.весник на РМ бр.88/08) односно од 24.07.2008 година до исплатата , камата во висина од 0,03 % .

Овој суд, поголемото барање на тужителот да му плати тужениот камата на главниот долг на секој поединечен месечен износ неплатен придонес во висина од 0,05% за секој ден закаснување, за периодот од 24.07.2008година до исплатата,над досудениот износ за камата, го одби како неосновано, од причини што со измените на Законот за даночна постапка од 16.07.2008година, променета е каматата во поглед на висината.

Од овие причини, а согласно чл.361 од ЗПП , се одлучи како под II во изреката.


Претседател на совет-судија,
ВК/РП Петре Србиновски с.р.


Назад