Дома  I    Мапа  I    Контакт  I    Огласна Табла    


   
 
 
 
Погледнете ја статистиката за работењето на судот за актуелната година ...
 
 
Одлуки на Апелациониот Суд Битола

26.04.2010   tsz452/10
 
АПЕЛАЦИОНИОТ СУД ВО БИТОЛА, во совет составен од судиите: Петре Србиновски - претседател на советот, Љубе Стојановски и Фани Илиевска - членови на советот, во правната работа на тужителот К.М. АД С., против тужените Ј. З. од П., А. З. од С., ДПУ М., С., Ј. А. и Л. од П. за издавање на привремена мерка, решавајќи по жалбата на тужените против решението на Основниот суд Прилеп П.бр.1/10 од 15.02.2010год., на седницата одржана на ден 26.04.2010год., донесе



Р Е Ш Е Н И Е


Жалбата на тужените СЕ УВАЖУВА.

Решението на Основниот суд Прилеп П.бр.1/10 од 15.02.2010год., СЕ УКИНУВА и предметот враќа на првостепениот суд на повторна постапка.


О б р а з л о ж е н и е


Со обжаленото решение на Основниот суд Прилеп забрането му е на должниковиот должник ДОО М.од П. да им го предаде недвижниот имот евидентиран во имотен лист бр.37059 за КО Прилеп а на КП.бр.13720 подробно опишан во изреката на решението, на заложните доверители Ј. З. од П. и А. З. од С. Определено е привремената мерка да има дејство до правосилното завршување на спорот.

Незадоволни од ваквото решение тужените во благовремен рок поднесоа жалба со која го напаѓаат решението поради суштествени повреди на одредбите од парничната постапка и погрешна примена на материјалното право, со предлог жалбата да се уважи, решението укини и предметот врати на првостепениот суд на повторно одлучување.

Во одговор на жалба тужителот предлага жалбата да се одбие како неоснована, а решението потврди.
Овој суд решавајќи по жалбата ги разгледа списите во предметот, па по оцена на истите испитувајќи го решението во границите на овластувањата од чл.354 и 371 од ЗПП најде:

Жалбата е основана.

Тужителот против тужените поднел тужба со предлог за издавање на времена мерка за ништовност на договор. Судот постапувајќи по предлогот за издавање на привремена мерка согласно чл.35 од Законот за обезбедување на побарувањата, му го уважил посебното барање на тужителот за издавање на привремена мерка. Притоа образложил дека третотужениот ДОО М.од П. врз основа на правосилна пресуда му должи на тужителот К. М. АД С. паричен износ. Со оглед дека износот тужителот го немал наплатено од тужениот , а истиот можел да го наплати само од вредноста на имотот што бил предмет на хипотека, доколку истата се реализирала тужениот ќе го осуетел побарувањето на тужителот без ваквата привремена мерка.
Неспорно е дека побарувањето на тужителот е засновано врз основа на правосилна пресуда на Основниот суд Скопје II Скопје ПС бр. 4854/07 и дека третотужениот ДОО М. од П. располагал со наведениот имот кој што е предмет на договорот за хипотека и реална е опасноста со предавање на имотот и ставање во правен промет може да му се предизвика ненадоместлива штета на тужителот, дотолку повеќе што трето тужениот освен имотот кој што е предмет на договорот за хипотека, не располагал со друг имот.

Меѓутоа, основано тужените во жалбата наведуваат дека од страна на првостепениот суд при донесувањето на побиваното решение сторени се суштествени повреди на одредбите од ЗПП.

Имено, видно од тужбата, тужителот со истата има дадено предлог за издавање на привремена мерка со кој бара забрана на должниковиот должник ДОО М. П. да им го предаде недвижниот имот евидентиран во ИЛ бр 37059 за КО Прилеп на КП бр 13720 на заложните доверители Ј. З.од П.и А. З. од С.и при тоа се повикува на одредбите од чл.34 ст.1 т.4 од ЗОП .

Со поднесок од 11.01.2010 тужителот го уредува барањето за издавање на привремена мерка така што сега бара забрана на спроведување на постапката за реализација на хипотеката заснована со Договор за хипотека ОДУ бр.307/06 од 23.11..2006 г. врз недвижниот имот наведен во чл.2 од договорот евидентиран во ИЛ бр 37059 за КО Прилеп на КП бр 13720 во корист на заложните доверители Ј. З. од П. и А. З. од С. до правосилното завршување на постапката по овој спор.

На закажаното рочиште за привремена мерка на 12.02.2010 година тужителот повторно го прецизирал предлогот за издавање на привремена мерка ,па сега бара да им се забрани на тужените спроведување на постапка за реализирање на хипотеката, со тоа што во понатамошниот текст барањето останува исто, а целта била да се прецизираат субјектите врз кој што се бара забраната.

Со обжаленото решение на Основниот суд Прилеп забрането му е на должниковиот должник ДОО М. од П.да им го предаде недвижниот имот евидентиран во имотен лист бр.37059 за КО Прилеп и на КП.бр.13720 подробно опишан во изреката на решението, на заложните доверители Ј. З. од П. и А. З. од С.

Основано тужените во жалбата наведуваат дека од страна на тужителот недоволно е прецизиран предлогот за издавање на привремена мерка, односно судот одлучувал не само врз основа на недоволно прецизиран предлог, туку и надвор од поставеното барање, што е во спротивност на одредбите од чл.2 од ЗПП.

Од тие причини при повторното судење судот треба да ги има во предвид погоре наведените укажувања на Овој суд, па врз основа на истите тужителот конкретно да го прецизира своето барање за издавање на привремена мерка ,што бара со истото,за што и на кого се однесува, а потоа судот врз основа на таквото барање да одлучува дали се исполнети условите предвидени во чл.35 од ЗОП за издавање на привремена мерка.

Поради тоа, а согласно чл.370 ст.1 т.3 од ЗПП се одлучи како во изреката.


Претседател на совет - судија
Петре Србиновски с.р.
ВК/ВМ

Назад