Дома  I    Мапа  I    Контакт  I    Огласна Табла    


   
 
 
 
Погледнете ја статистиката за работењето на судот за актуелната година ...
 
 
Одлуки на Апелациониот Суд Битола

25.11.2009   tsz1386/09
          АПЕЛАЦИОНИОТ СУД ВО БИТОЛА, во совет составен од судиите: Петре Србиновски - претседател, Татјана Сусулеска и Фани Илиевска - членови, во правната работа на тужителот ДООЕЛ М. од Д. против тужениот ДООЕЛ Хотел Г. од О. за долг, решавајќи по жалбата на тужителот против решението на Основниот суд Охрид Малв.Тс.бр.22/08 од 11.05.2009год., на седницата одржана на 25.11.2009 година, донесе:
 
 
                                   Р Е Ш Е Н И Е  
 
                   Жалбата на на тужителот СЕ ОДБИВА како неоснована.
 
                   Решението на Основниот суд Охрид Малв.Тс.бр.22/08 од 11.05.2009год., СЕ ПОТВРДУВА.
 
                   Барањето на тужениот, тужителот да му ги надомести второстепените трошоци за одговор на жалба во износ од 4.000,00ден., СЕ ОДБИВА како неосновано.
 
 
                             О б р а з л о ж е н и е  
 
          Со обжаленото решение на Основниот суд Охрид, тужбата на тужителот поднесена против тужениот за долг, се смета за повлечена. Секоја странка е задолжена да ги сноси своите трошоци направени во текот на постапката.
 
          Незадоволен од ваквото решение тужителот во благовремен рок поднесе жалба со која го напаѓа решението поради суштествени повреди на одредбите од парничната постапка и погрешна примена на материјалното право, со предлог жалбата да се уважи, решението укине и предметот врати на првостепениот суд на повторно одлучување.
 
          Во одговор на жалба тужениот предлага жалбата да се одбие како неоснована, а решението потврди.
 
          Овој суд, решавајќи по жалбата ги разгледа списите во предметот, па по оцена на истите, испитувајќи го решението во границите на овластувањата, од чл.354 и 371 од ЗПП, најде:
 
          Жалбата е неоснована.
 
          Тужителот против тужениот поднел тужба, со основ долг, а врз основа на веродостојна исправа - фактура. На рочиштето одржано на 13.04.2009год., не се јавил полномошникот на тужителот, ниту го оправдал изостанокот, а од друга страна тужениот со писмен поднесок од 04.05.2009год., го известил судот дека се согласува тужбата да се смета за повлечена, па од тие причини првостепениот суд тужбата на тужителот ја смета за повлечена согласно чл.280 т.1, а в.в. со чл.277 т.1 од ЗПП.
 
          Неосновани се жалбените наводи на тужителот дека од страна на првостепениот суд се сторени суштествени повреди на одредбите од чл.343 ст.2 т.7 од ЗПП, а в.в. со чл.280 од истиот закон. Тужителот во жалбата наведува дека воопшто немал добиено покана за расправата закажана за 13.04.2009год., со што не му била дадена можност да присуствува на истата, со што е сторена погоре наведената суштествена повреда од ЗПП.
          Видно од расправата одржана на ден 09.02.2009год., истата е одложена за 13.04.2009год., а по барање на полномошникот на тужителот.
          Согласно чл.126 од ЗПП, странката која е уредно викана да присуствува на рочиште, а не се јави пред судот, судот нема натамошна обврска да ја повикува.
 
          Бидејќи во конкретниот случај полн. на тужителот знаел дека била закажана расправа на 09.02.2009год,. а која по негово писмено барање истата беше одложена за 13.04.2009год., полномошникот на тужителот бил должен самиот да се интересира за тоа кога наредната расправа ќе биде закажана.
          Од овие причини, не се сторени суштествени повреди на одредбите од чл.343 ст.2 т.7 од ЗПП, поради што судот тужбата на тужителот ја смета за повлечена согласно чл.280 т.1 од ЗПП, според кој ако на првото рочиште за главна расправа или некое подоцнежно рочиште не дојде тужителот кој е уредно канет, а изостанокот не го оправда, тужбата се смета за повлечена, а согласно чл.277 т.1 од ЗПП, ако со тоа се согласил тужениот, а ако тужениот не е присутен тужбата ќе се смета за повлечена ако во рок од 8 дена по приемот на известувањето за повлекувањето не се изјаснил дека на тоа се противи.
         
          Поради тоа согласно чл.370 ст.1 т.2 од ЗПП се одлучи како во изреката.
          На тужениот не му следуваат второстепени трошроци за такси за одговор на жалба во износ од 4.000,00ден., од причини што согласно чл.371 од ЗПП во постапката по жалбата против решение согласно ќе се применуваат одредбите што важат за жалбата против пресуда, освен одредбите за одговор на жалбата и за одржување расправа пред второстепениот суд.
 
 
ВК/ВМ                                                     Претседател на совет-судија
                                                                      Петре Србиновски с.р.

Назад