Дома  I    Мапа  I    Контакт  I    Огласна Табла    


   
 
 
 
Погледнете ја статистиката за работењето на судот за актуелната година ...
 
 
Одлуки на Апелациониот Суд Битола

25.11.2009   tsz1369
          АПЕЛАЦИОНИОТ СУД ВО БИТОЛА, во совет составен од судиите: Петре Србиновски - претседател, Татјана Сусулеска и Фани Илиевска - членови, во правната работа на тужителот Е.. М. АД С. за д. и с. со е. Е. С. против тужениот Т. Б. од Б. за долг, решавајќи по жалбата на тужителот против решението на Основниот суд Битола Пл.бр.5065/09 од 22.09.2009год., на седницата одржана на ден 25.11.2009 година, донесе:
 
 
                                   Р Е Ш Е Н И Е  
 
 
                   Жалбата на тужителот СЕ ОДБИВА како неоснована.
 
                   Решението на Основниот суд Битола Пл.бр.5065/09 од 22.09.2009год., СЕ ПОТВРДУВА.
 
 
                             О б р а з л о ж е н и е  
 
 
          Со обжаленото решение на Основниот суд Битола, тужбата со предлогот за издавање на платен налог поднесен од тужителот против тужениот за долг, се смета за повлечена.
 
          Незадоволен од ваквото решение тужителот во благовремен рок поднесе жалба со која го напаѓа решението поради сите причини предвидени во одредбите од чл.342 од ЗПП, со предлог жалбата да се уважи, решението укине и предметот врати на првостепениот суд на повторно одлучување, или решението се преиначи на начин што платниот налог ќе остане во сила.
 
          Овој суд, решавајќи по жалбата ги разгледа списите во предметот, па по оцена на истите, испитувајќи го решението во границите на овластувањата, од чл.354 и 371 од ЗПП, најде:
 
          Жалбата е неоснована.
 
          Тужителот против тужениот поднел тужба со предлог за издавање на платен налог, на име долг за неплатена електрична енергија, а врз основа на веродостојни исправи - фактури и каматни листи. Бидејќи тужителот во законскиот рок од 8 дена од денот на поднесувањето на тужбата не ја платил судската такса за тужбата, првостепениот суд тужбата на тужителот ја смета за повлечена согласно чл.429-а од Законот за изменување и дополнување на ЗПП.
 
          Судот ги имаше во предвид жалбените наводи на тужителот дека судската такса била платена за што доставува фотокопие од налог за платена судска такса, но истиот при одлучувањето не го прифати од причини што со оглед на фактот дека тужбата е поднесена на 31.07.2009год., последен ден за плаќање на судската такса бил 07.08.2009год., а видно од налогот за платена судска такса истата е платена на 13.08.2009год., односно по истекот на законскиот рок од 8 дена. Во прилог на ова е и фактот што на налогот кој тужителот го прилага за платена судската такса за тужбата, не стои број за кој предмет се однесува таксата.
 
          Од овие причини бидејќи тужителот во законскиот рок од 8 дена од денот на поднесувањето на тужбата не ја платил судската такса за истата, правилно постапил првостепениот суд кога тужбата на тужителот ја смета за повлечена согласно чл.429-а од Законот за измени и дополнување на ЗПП, според кој тужбата се смета за повлечена ако тужителот во рок од 8 дена од денот на поднесувањето на тужбата не ја платил судската такса.
 
          Поради тоа согласно чл.370 ст.1 т.2 од ЗПП се одлучи како во изреката.
 
 
ВК/ВМ                                                     Претседател на совет-судија
                                                                      Петре Србиновски с.р.

Назад