|
|
|
 |
Претседател Даница Ристева
Дипломирала на Правниот Факултет во Скопје во 1976 година и се вработила во тогаш Општинскиот суд Битола како приправник на 15.09.1977г. Правосуден испит положила во април 1979 година и оттогаш работела како стручен соработник во Општинскиот суд Битола, а од 1984 година била Секретар на Општинскиот суд Битола. Во 1986 година за прв пат е избрана како судија во Општинскиот суд Битола и работела се до 1. јули 1996 година кога е избрана како судија во Апелациониот суд Битола. Во текот на работа во Општинскиот и сега во Апелациониот суд Битола работела исклучиво на граѓанска материја, (парничната, вонпарнична, извршна и оставинска постапка). Од 2000 година до крајот на 2004 година работеше како судија во специјализиран совет за работни и стопански спорови. Била Претседател на совет и Претседател на Оддел за работни и стопански спорови, од 1.1.2006 година до 1.9.2008 година беше Претседател на совет за стопански спорови. Член на Управниот одбор на Центарот за континуирана едукација од 1999г до 2006 година. Досега има учествувано на многу семинари и како судски едукатор и како раководител на семинар посебно во областа на граѓанската материја, извршната постапка, трговско право и стечајната постапка. Посетувала и обука за едукатори во 2000 година семинар за лидерство во судската едукација во 2004 година и напреден курс за лидерство во судската едукација во 2005 година во организација на ЦКЕ и ДПК и моментално едукатор во Академија за обука на судии и јавни обвинители. Како член на Управниот одбор учествувала на Конференција за полесен пристап до правдата организиран од Светска Банка во Санк Петерсбург Русија во 2001 година, на втората светска конференција за едукација во Отава Канада во 2004 година и на Регионална конференција за едукација во областа на судските вештини во Херцег Нови Црна Гора во 2003 година. Од 1 Септември 2008 година е именувана за Претседател на Апелациониот суд во Битола.
danica.risteva@gmail.com

Заменик Претседател Владимир Радевски
Роден е на 06-03-1953 година во с.Граиште - Демир Хисар.Студирал на Правниот факултет во Скопје од 1973 година каде и дипломирала на 01-06-1977 година. Правосудниот испит го положил во Скопје на ден 06-04-1982 година. Од 01-09-1977 година до 01-07-1985 година работи во како инспектор на труд и е раководител на службата за правна помош во Собранието на општина Демир Хисар. Од 01-07-1985 до 01-07-1996 година е именуван за судија во Општинскиот суд Битола каде работи во кривичниот оддел. Во Апелациониот суд во Битола е именуван за судија на 01-07-1996 година и работи во кривичниот оддел
vl.radevski@gmail.com
|
Васко Блаже Кузев  Роден на 23-08-1949 година во Битола Студирал на Правниот факултет во Скопје од 1968 каде и дипломирал на 04-04-1973 година. Правосудниот испит го положил во Скопје во 1974 година. Во општинското јавно обвинителство работи од 18-06-1973 до 01-01-1975 година Вработен е во Окружен суд Битола од 01-01-1975 до 01-07-1975 година најпрво како судски приправник а потоа како стручен соработник. За судија е именуван на 01-07-1975 година во Општинскиот суд Битола каде работел во кривишниот оддел. Од 31-01-1985 година е судија во Окружниот суд во Битола каде работел и во граѓанскиот и во кривичниот оддел. За судија во Апелациониот суд Битола е именуван на 01-07-1996 година.
Љубомир Михајло Бошевски  Роден на 19-01-1956 година во Битола Студирал на Правниот факултет во Битола од 1974 каде и дипломирал на 02-07-1979 година. Правосудниот испит го положил во Скопје на 19-10-1982 година. Вработен е во Општинскиот суд Битола од 1981 до 01-10-1982 година како судски приправник. Од 28-10-1982 до 22-10-1987 година работи како стручен соработник во Општинскиот суд Битола. За судија е именуван на 22-10-1987 година во Општинскиот суд Битола каде работеше на граѓанската материја. За судија во Апелациониот суд Битола е именуван на 03-04-1996 година. Претседател е на граѓанскиот оддел на Апелационен суд Битола Раководител е на отсекот со евиденција на судската практика во Апелациониот суд Битола Претседател на совет Заменил член на комисијата за квалификација и прием на кандидати во академијата за обука на судии и јавни обвинители Член на редакцискиот одбор на билтенот на Апелациониот суд Битола и автор на сентенци во него учествувал во својство на едукатор во организацијата на Здружението на судии на Република МАкедонија Автор на статија објавена во „Судска ревија“ во 2002 година Учествувал на повеќе семинари и советувања како: -учество на тркалезна маса во хотел „Молика“ по повод предлогот на Законот за облигациони односи и Законот за залог на подвижни предметии права. -Советување на Попова шапка од областа на работните спорови -Учество на тркалезна маса во Врховен суд на Р. Македонија по повод утврдениот начелен став бр.1/96 кој се однесува за надомест на штета што работник што работник ќе трпи поради незаконито дејствие на работодавец. -Учество на семинар во организација на УСАИД по повод новиот закон за Парнична постапка - Учество на советување во организација на здружението на правници на РМ по повод една година од примената на новиот закон за Парнична постапка. - Учество на советување во организација на Граѓанскиот оддел со судиите од граѓанскиот оддели на основните судови од подрачјето на Апелациониот суд Битола по повод новиот закон за Парнична постапка. - Учество на средби во хотел „Епинал“ и во Апелациониот суд Битола по повод уставните амандмани, предлог на законот за судовите, Законот за судски совет на РМ, Законот за медијација и предлог деловник за работа на судовите
Виолета Никола Јанкуловска  Родена на 12-06-1949 година во Битола Студирала на Правниот факултет во Скопје од 1968 година каде и дипломирала на 19-04-1976 година. Правосудниот испит го положила во Скопје во на 14-10-1978 година. Вработен е во Окружен суд Битола од 01-09-1976 до 01-10-1978 година како приправник. Од 01-11-1978 до 30-06-1985 година работи во Окружниот суд во Битола како стручен соработник во граѓанскиот оддел. Од 01-07-1985 година до 31-03-1986 година е секретар на Окружниот суд во Битола. За судија е именуван на 01-04-1986 година во Општинскиот суд Битола каде работела во граѓанскиот оддел. За судија во Апелациониот суд Битола е именуван на 01-07-1996 година и работи на граѓанската материја
Петкана Тасе Јадровска  Родена на 07-01-1956 година во с. Витолиште - Прилеп. Студирала на Правниот факултет во Битола од 1975 каде и дипломирала на 16-05-1985 година. Правосудниот испит го положила во Скопје на ден 03-06-1983 година. Од 01-10-1981 година до 30-091983 година работи во Окружниот стопански суд Битола на местото приправник извршувајќи работни задачи поврзани со платните налози и стопанските престапи. Од 01-10-1983 до 14-09-1989 година работи во Основниот суд на здружен труд Битола како стручен соработник извршувајќи работни задачи поврзани со работни и станбени спорови. Од 15-12-1989 до 31-12-1991 година работи како секретар во Основниот суд на здружен труд Битола. Од 01-01-1992 до 30-09-1994 година работи во Окружниот суд Битола како стручен соработник на стопанските престапи. Од 01-10-1994 до 30-06-1996 година работи како секретар во Окружниот стопански суд Битола. на 01-07-1996 година до 11-04.2000 година работи како секретар во Апелациониот суд Битола. За судија е именувана во Основниот суд Битола на 12-04-2000 година каде работи во грашанската материја на работни спорови. Во Апелациониот суд во Битола е именуван за судија на 26-10-2005 година и работи во граѓански оддел на работни и стопански спорови.
Павлина Тодор Лескова  Родена е на 18-06-1951 година во Битола. Студирала на Правниот факултет во Битола од 1970 година каде и дипломирала на 24-06-1977 година. Правосудниот испит го положила во Скопје на ден 23-04-1981 година. Од 01-07-1979 до 01-05-1981 година работи во Општинскиот суд Битола како приправник во граѓанскиот оддел. Од 01-06-1981 година е прераспределан на работното место стручен соработник во Општинскиот суд Битола каде работи и во граѓански и во кривичен оддел. Од 01-12-1988 до 01-06-1996 година е секретар во Општинскиот суд Битола каде ги извршува работните задачи поврзани од судската управа . Од 01-07-1996 година е избрана за судија во Основниот суд Битола и работи во кривичниот оддел и прекршочна материја каде работи до 14-06-2004 година. Во Апелациониот суд во Битола е избрана за судија на 15-06-2004 година и работи во граѓански оддел.
Соња Ѓоре Спасеновска  Родена е на 24-01-1949 година во Скопје Дипломирал на Правниот факултет во Скопје на 17-12-1974 година. Правосудниот испит го положил во Скопје во на 30-10-1977 година. Вработен е во Општинскиот суд Битола од 04-05-1976 како приправник а од 01-11-1977 како стручен соработник во граѓанскиот оддел. Од 01-05-1983 до 08-05-1984 е секретар на Општинскиот суд во Битола За судија е именувана на 08-05-1984 година во Општинскиот суд Битола каде работеше во граќанската материја За судија во Апелациониот суд Битола е именувана на 13-03-1996 година и работи на граѓанска материја
Љубе Стојан Стојановски  Роден на 12-06-1952 година во с. Сарандиново - Прилеп Дипломирал на Правниот факултет во Скопје на 24-09-1981 година. Правосудниот испит го положил во Скопје во 1986 година. Вработен е во Окружен суд Битола од 01-01-1984 до 30-06-1996 година како стручен соработник. Од 01-07-1996 до 11-061997 година работи во Апелациониот суд Битола како стручен соработник. За судија е именуван на 11-06-1997 година во Основен суд Битола каде извршуваше работни задачи до 06-02-2008 година. За судија во Апелациониот суд Битола е именуван на 27-02-2008 година.
Александар Велко Филипов  Роден на 01-09-1950 година во Битола Дипломирал на Правниот факултет во Скопје на 24-06-1976 година. Правосудниот испит го положил во Скопје на ден 11-021980 година. Од 1977 година до 1985 година работи како правник во РО „Нова Трговија“ Од 1985 до 1994 година работи како судија во Општинскиот суд за прекршоци Битола, како судија за прекршоци Во текот на 1994 година работи како адвокат Од 1994 до 1996 година работи како правен референт во Епархиски управен одбор на Преспанско - Пелагониската епархија На 01-07-1996 година е избран за судија во Основниот суд Битола каде работи до 12-12-2001 година, како судија во кривичен оддел, истражен судија и судија во прекршочниот оддел. Во Апелациониот суд во Битола е именуван за судија на 13-12-2001 година и работи во граѓанскиот оддел.
Снежана Милан Богданоска .jpg) Родена на 23-06-1951 година во Прилеп Студирала на Правниот факултет во Скопје од 1970 каде и дипломирала на 27-03-1975 година. Правосудниот испит го положила во Скопје на 28-10-1976 година. Вработена е во Основниот суд во Прилеп од 14-04-1975 како судски приправник а од 01-11-1976 година работи како стручен соработник За судија е именувана на 11-06-1977 година во Основен суд Прилеп каде извршуваше работни задачи и во граѓанскиот и во кривичниот оддел. За судија во Апелациониот суд Битола е именуван на 11-07-2002 година и работи на граѓанската материја.
Петре Ристе Србиновски  Роден е на 07-03-1960 година во с.Груниште - Битола. Студирал на Правниот факултет во Битола од 1979 година каде и дипломирала на 18-06-1984 година. Правосудниот испит го положил во Скопје на ден 11-12-1989 година. Од 01-01-1989 година до 01-01-1992 година работи во Окружниот суд Битола како приправник на изготвување на нацрт одлуки во граѓанската материја. Од 02-01-1992 до 26-06-1996 година работи како стручен соработник во Окружниот суд Битола каде извршува работни задачи во граѓанскиот оддел. За судија е именуван во Основниот суд Битола на 27-06-1996 година каде работи со граѓански, работни, стопански, стечајни предмети. Во Апелациониот суд во Битола е именуван за судија на 19-05-2005 година и работи во граѓански оддел на работни и стопански спорови.
Лидија Никола Мијаковска Роденa на 04-08-1952 година во Битола Дипломирала на Правниот факултет во Скопје на 07-06-1977 година. Правосудниот испит го положила во Скопје на ден 11-12-1980 година. Од 01-11-1979 до 01-02-1981 година работи во Окружниот суд Битола како приправник на изготвување на одлуки во кривичниот оддел. Од 01-02-1981 до 01-071996 година работи во Окружниот суд Битола како стручен соработник исто така во кривичен оддел. На 01-07-1996 година е именувана за судија во Основниот суд Битола како судија во кривичен оддел каде работи до 08-02-2006 година. Во Апелациониот суд во Битола е именуван за судија на 08-02-2006 година и работи во кривичен оддел и за малолетници.
lidija.mijakovska@gmail.com Татјана Бранко Сусулеска  Роденa на 25-07-1961 година во Скопје
Дипломирал на Правниот факултет во Битола на 17-10-1984 година. Правосудниот испит го положилa во Скопје 23-06-1987 година. Вработен е во Општинскиот суд Прилеп од 01-02-1988.Една година волонтерски стаж, осум години работен стаж како стручен соработник во Основен суд Прилеп, а судија на истиот суд од 1996 год.Во текот на работата како судија на Основен суд Прилеп од 1996 год . до 2008 год, работела на граѓански спорови, стопански спорови и стечајни предмети. Од 1999 год. само во одделот за стопански спорови и стечај, како и спорови од областа на трговско право. Две години работела и како заменик на претседателот на Основен суд Прилеп. За судија во Апелациониот суд Битола е именуванa на 26-08-2008 година. Посебна специјализација на стечајни предмети и спорови од областа на стопанско, трговско право, статусни и акционерски спорови, како и спорови за заштита на интелектуалната сопственост. Континуирани домашни и меѓународни едукации од наведените областа во текот на целиот период на судискиот стаж и тоа во проекти во организација на Здружение на судии на РМ, Министарство за правда на РМ, Проект за модрнизација на судството - ДПК и УСАИД, КАРДС програма, Пакт за стабилност и АББА ЦЕЕЛИ - асоцијација на адвокати од Америка и централна и источна европа, како и обука за постапката пред Европските судови во Стразбур и Луксембург. Учествувала и на семинарите во организација на Светска банка и проект „Стечајна администрација“ за примена на законот за стечај, меѓународна коференција за стечај во Аризона – САД во 1998 год., во Прага - во 2000 год. како двонеделна едукација од областа на трговско и стечајно право, во Чикаго и Њујорк – САД во 2002 год. - како претставник на стечајните судии на РМ и Централна и источна европа заедно со уште тројца судии од други држави од оваа област, конференција во Вашингтон во 2002 год. за споровите од областа на Интелектуалната сопственост на која исто така била претставник на судиите на РМ со сопствено излагање на тема „Привремени мерки“, семинарот во Софија во Октомври 2007 година, организиран од Пактот за стабилност за обука на едукатори за право на ЕУ. Во Академијата за обука на судии и обвинители, од месец септември 2007 год. работи како постојан едукатор од областа на трговско право. Работи како едукатор на семинарите на Здружение на судии, здружение на правници од стопанството на РМ на теми од практична примена на Законот за стечај , органи на стечајна постапка, статус на вработените, доверители во постапката и сл.- сметано од 1998 год . до денес; Вршела едукација на стечајни управници на тема „Реорганизација во стечај“ , „Услови за отворање на стечајна постапка“; „Осврт кон правилникот за определување на награда на стечајниот управник“, во рамки на нивна континуирана едукација,во организација на Здружение за стечај.Учество и како модератор на Регионална меѓународна конференција за стечај. Повеќе трудови од областа на стечајно право - објавени во Судиска ревија, списанието „Правник“, „Деловно право“, списание „Акционер“, водич за стечај. Активно познавање на вербален и пишан Англиски јазик.
Лиле Наумовска  Родена на 18.02.1960 година во Битола Студирала на Правниот факултет во Битола од 1979 година и дипломирала во месец Мај 1984 година. Правосудниот испит го положила во Скопје во Јуни 1988 година. Се вработила како приправник во СИЗ за домување Демир Хисар на 01.12.1985 година. Во 1989 година е избрана за Секретар на Синдикалната организација на Општина Демир Хисар. Од 1993 година до 30.06.1996 година ја вршела функцијата Претседател на Синдикалната организација на Општина Демир Хисар. За судија во Основен суд Битола е избрана на 01.07.1996 година каде работеше на граѓанска материја. За судија во Апелационен суд Битола е избрана на 07.05.2009 година. Била ментор на двајца кандидати за судии и јавни обвинители, за изведување на практична обука од областа на граѓанското право. Учествувала на повеќе семинари и обуки. Заменик член е на Работното тело за стандардизација на употребата и унапредувањето на АКМИС.
Васил Баткоски  Роден 03.03.1961 година во с.Вевчани.
Дипломиран правник на Универзитет Св.„Кирил и Методиј“ во Скопје од 1987 година. Вработен како приправник во Основниот суд Струга на 19.03.1990 година. Правосуден испит положил во Скопје на ден 08.02.1993 година. Избран за судија на Основниот суд Струга на ден 11.07.2002 година. Претседател на Граѓански оддел во периодот од 2004 – 2008 година.
Избран за судија на Апелационен суд Битола на ден 07.05.2009 година.
Меџит Шазимани
Роден на ден 04.10.1956 година во с.Заграчани-Струга.
Студира на Правниот факултет во Пришитна од 1975/76 година, каде и дипломирав на ден 21.03.1981 година.Правосудниот испит го положив во Приштина на ден 18.02.1988 година.Работи во тогашното Окружно јавно обвинителство во Приштина од 1984 до 17.02.1989 година, како приправник, Раководител на писарница, стручен соработник.
На ден 17.02.1989 година именуван сум за заменик на тогашниот Општински јавен обвинител во Општинското јавно обвинителство во Приштина се до 1992 година.
Во периодот од 1993 до 06.07.2009 година работи како адвокат во Струга.
За судија на Апелациониот суд во Битола сум именуван на 07.07.2009 година и работам во граѓанскиот оддел.
mshazimani@yahoo.com Јоска Матески  Роден на 05.04.1955 год. во Прилеп.
Дипломирал на Правниот факултет во Скопје, на 23.03.1979 година со просечен успех во студирањето од 8,50. Од 01.09.1979 година се вработил во Основниот суд во Прилеп, како судиски приправник. По исполнувањето на условот за стекнување на право за полагање на правосуден испит, истиот го положил на 16.10.1980 година. После положувањето на правосудниот испит, е распореден на работи и работни задачи како стручен соработник и со особен успех ги извршувал задачите и работните обврски.
На 14.03.1984 година е избран од тогашното Општинско собрание –Прилеп, за судија во тогаш Општинскиот, сега Основен суд во Прилеп. Работните обврски како судија секогаш ги извршувал со целосна посветеност и ангажман, така што секогаш бил во најдобрите судии во судот, како по квантитет, така и по квалитет, при што секогаш бил над Републичките норми, што го потврдуваат сите годишни извештаи. Како судија во Основниот суд во Прилеп работел еден период во Кривичен оддел, краток период како прекршочен судија, а после тоа во Граѓанскиот оддел при што две години бил и судија во Вонпроцесно одделение.
Бил заменик на претседател на судот и тоа во време на мандатот на четворица Претседатели на судот.
Повеќе години бил Претседател на граѓанскиот оддел во судот при што и тие обврски редовно и со успех ги обавувал. Од 07.07.2009 година е избран за судија во Апелациониот суд во Битола каде работи во граѓанскиот оддел. Учествувал на голем број на семинари, советувања за стручно усовршување меѓу кои и на Меѓународна конференција во Црна Гора како еден од четворицата преставници на РМ.
Бил претседател на Општинската изборна комисија на Општина Прилеп, во првите повеќе партиски избори во РМ, Претседател на Општинската изборна комисија за спроведувањето на Референдумот, Претседателските избори, претседател на Изборна комисија на изборна единица за избор на пратеници во Собранието на РМ, бил ангажиран и како заменик на претседател на Општинска изборна комисија. Бил член на Дисциплинската комисија при Комората на извршители на РМ, за извршителите на подрачје на Прилеп и Крушево.
Има објавено стручен труд во „Правник“ на тема „Правото на жалба во постапката за регистрација- пререгистрација на здруженија на граѓани и фондации. На 61-та средба на правниците, учествувал со свој труд на тема „Договорот за закуп врз земјоделско земјиште во државна сопственост и правната судбина на насадите“, кој што труд е објавен во изданието за теорија и практика на правото „Деловно право“ бр.21, ноември 2009 година.
Аце Петрески  Роден на 25.10.1966 год., во Охрид, со постојано место на живеење во с.Ложани Струга. Завршил средно образование Гимназија во Охрид. Студирал на Правен факлултет во Битола, а дипломирал во 1993 год. Правосудниот испит го положил во Скопје 1996 год.,Работел како адвокат во периодот од 01.10.1998 год., се до 11.07.2002 год., кога е и избвран за судија на Основен суд Струга, каде работел исклучиво во кривичниот оддел се до 10.06.2010 год., кога е избран за судија на Апелиониот суд Битола, и работи во кривичниот оддел.
Виолета Костовска 
Родена на 24.08.1960 година во Битола, студирала на Правен факултет во Битола од 1978 година,каде и дипломирала на 02.10.1982 година.Правосудниот испит го положила во Скопје на 27.04. 1987 година .Вработена во Окружен суд Битола од 1985 година, до Ноември месец 1987 година, како судски приправник. А од Ноември 1987 година до 1 - ви Јули 1996 година како стручен соработник .За судија на Основен суд Битола е избрана на 01.Јули 1996 година, и работеше исклучиво на предмети од Граганска материја,. За судија во Апелациониот суд Битола е избрана на 13.09. 2010 година Учествувала на повеке семинари и советувања .
kostovska_v@yahoo.com Ристе Ристевски Роден на ден 28.01.1961 година во с.Будимерци, Битола. Студирал на Правниот факултет во Битола, каде и дипломирал во 1986 година. Во 1989 година се вработил како Приправник во Окружен стопански суд Битола, а по полагањето на правосудниот испит во 1992 година добил звање Стручен соработник. Со реформите во правосудството во 1996 година и укинувањето на Окружниот стопански суд Битола, преминал во работен однос во Апелациониот суд Битола. По донесувањето на Законот за државни службеници добил звање Советник. Целиот период работел на граѓанска материја. Во 2005 година избран е за Судија во Основен суд Битола, каде исто така работи на граѓанска материја. За Судија на Апелационен суд Битола е избран на ден 13.09.2010 година. Учествувал на повеќе семинари и советувања, по однос на граѓанската материја, како и на советувања по повод измените на законот на парнична постапка.
ristevski61@gmail.com Љиљана Јован Чочковска  Родена на 05.04.1959 во Битола, каде завршила основно и средно образование во гимназијата Јосип Броз Тито. Дипломирала на правниот факултет во Битола правосудна насока на 24.11.1982 година. Вработена во Основниот суд Битола на 01.09.1984 година, а по полагањето на правосудниот испит на 01.04.1986 година работела како стручен соработник при Основниот суд Битола на правни работи се до изборот за судија.
На ден 06.12.2004 година е избрана за судија во Основниот суд Битола и работи во кривичен оддел.На 18.07.2011 година е избрана за судија во Апелационен суд Битола и е распоредена на кривична материја. Славица Александар Мирковска Славица Мирковска
Родена на 26.07.1959 год.во Битола.Дипломирала на Правен факултет во Битола на 23.02.1984 год. Се вработила во тогаш Општински суд Битола на 02.02.1987 год. како приправник .Правосудниот испит го положила во Скопје на 22.04.1988 год. и работела како стручен соработник .Од 3.6.2002 год. е распоредена на работно место виш соработник во Основен суд Битола , а од 11.04.2003 год. е распоредена на работно место советник .На 19.03.2004 год е избрана за судија во Основен суд Битола каде работела во граѓански оддел на извршни и работни спорови. Посетувала повеќе семинари и обуки.
На 18.07.2011 год.е избрана за судија на Апелационен суд Битола .
|
|
| |
|
|